Адеми во „тимот на сезоната“ во Хрватска

Аријан Адеми крена уште еден шампионски пехар како капитен на Динамо Загреб, а македонскиот репрезентативец заслужено доби и ново индивидуално признание откако се најде во идеалниот тим на сезоната во хрватскиот шампионат.

Во гласањето учествуваат тренерите и фудбалерите од елитното хрватско фудбалско друштво, при што Адеми доби место во средниот ред заедно со Чакташ од Хајдук и Моро од Динамо Загреб. За најдобар фудбалер во хрватското првенство е избран голгетерот на Динамо, Бруно Петковиќ, а наградата за најдобар хрватски фудбалер за сезоната 2019/20 замина во рацете на Лука Модриќ.

Останува да се види дали Адеми летово ќе остане на „Максимир“ или конечно ќе си замине од редовите на Динамо Загреб. Интерес за неговите услуги покажаа неколку руски клубови, a најбогатата понуда пристигна од унгарскиот првак Ференцварош.

Се вчитува...