Адеми за понудите од Русија: Сега сум фокусиран само на крајот на сезоната

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми на извонреден начин се врати на терените во Хрватска по рестартот на шампионатот, со гол и изнуден пенал учествувајчи во победата против Вараждин.

Голот на вчерашниот дуел Адеми го подари на својот син…

„Мислам дека првото полувреме беше навистина одлучно, имавме контрола над се. Можевме да победиме и со поголема разлика, но тоа е. На крајот заврши 3-1, и добро е. Овој гол го подарувам на мојот син“ – истакна Адеми по мечот, дополнувајќи дека не се фокусира сега на шпекулациите за негов трансфер по интересот од руските гиганти ЦСКА Москва и Спартак Москва.

„Сега ми е најважен само Динамо. Фокусиран сум само на крајот од сезоната“ – вели кратко Адеми.

Се вчитува...