Адиос за Лопетеги, Конте на „кралската“ клупа од мечот со Валјадолид

Фудбалерите на Реал Мадрид се изненадија кога Хулен Лопетеги дојде утринава на „Валдебебас“, тренинг – центарот на „кралскиот клуб“ и го одржа планираниот тренинг, прв по дебаклот на „Ел Класико“. Но, јасно е дека тој ќе добие отказ, одлука која треба да биде потврдена на вечерашниот состанок на Бордот на директори.

Претседателот Флорентино Перез веќе го има договорено и новиот предводник, италијанскиот стратег Антонио Конте. Тој пред два дена официјално го „раскина“ договорот со Челси и доби отштета од 10 милиони фунти, а од недела и ќе седне на клупата на Реал Мадрид.

Конте треба да го има своето деби в недела, против Валјадолид на „Сантијаго Бернабеу“, а претходно „кралевите“ во мечот од Купот на Шпанија в среда против нисколигашот Мелилја ќе ги предводи Сантијаго Солари, сегашниот тренер на Б-тимот.

 

Се вчитува...