Адријан како Кариус – голем „кикс“ на голманот на Ливерпул (видео)

Јирген Клоп реши да го одмори Алисон Бекер за вечерашниот меч од ФА Купот против Челси, но таа одлука може скапо да ги чини „црвените“ по огромната грешка што ја направи Адријан.

Шпанецот се посрамоти по десетина минути игра, откако по ударот на Вилијан топката што одеше директно кон него само ја одби кон мрежата. На шутот на Вилијан претходеше голема грешка на Фабињо, но факт е дека Адријан мораше многу подобро да реагира во оваа ситуација.

Се вчитува...