Адријана Поп Арсова го подобри државниот рекорд во маратон

Најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова постави  нов државен рекорд на најдолгата делница, 42.195 километри. Таа за седум минути го подобри своето најдобро време и постави нов рекорд кој изнесува 2:52.52 часа.

Таа беше најдобропласирана Македонка на маратонската трка и заврши на седмата позиција. Првото место и припадна на Јунис Мучири од Кенија.

Се вчитува...