Адријана Поп Арсова ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика

Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки во историјата, Адријана Поп Арсова ќе биде наша претставничка на Светското првенство во атлетика кое годинава од 15. до 24. јули ќе се одржува во Орегон, САД.

Според критериумот на АФМ во периодот од 28. јуни 2021 до 13. јуни 2022 Поп-Арсова постигна најдобар резултат од сите атлетичари и со тоа обезбеди настап во најдолгата дисциплина – маратон која ќе се одржи на 18ти јули.

Поп Арсова е македонска рекордерка во маратон и полумаратон.

Се вчитува...