Тренерската кариера на Дик Адокат трае повеќе од четири децении, но искусниот холандски стратег не крие дека ремито на Курасао со Еквадор му е еден од најголемите подвизи поврзани со фудбалот.
Адвокат мораше да се повлече од селекторската функција поради здравствени проблеми во кругот на најблиското семејство, на крајот сепак се врати непосредно пред мундијалот, за да испише историја со првиот освоен бод на оваа мала држава на фудбалските мундијали.
По мечот, тој остана максимално скромен, посветувајќи го бодот на навивачите кои им даваат безрезервна поддршка на неговите избраници.
„Среќен сум, за мене, за моите играчи, среќен сум за сиот народ во Курасао. Животот во оваа земја не е лесен, мило ми е што им дадовме причина за огромна радост. Од самиот почеток ја чувствувавме поддршката на нашите фанови, тие беа зад нас дури и откако го захубивме првиот меч со 7-1. Тоа многу им значеше на момците, кои одиграа меч за паметење со Еквадор и на вистински начин се оддолжија“ изјави Адвокат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
