Адвокатите на Роналдо најавија тужби за пишувањето за силување, Мајорга сега жали што потпишала договор за молчење!

Адвокатите на Кристијано Роналдо порачаа дека ќе покренат тужба против германскиот магазин „Дер Шпигел“ откако објави обвинувања на една Американка која тврди дека славниот фудбалер ја силувал во 2009 година.

Ројтерс потврди дека од правните застапници на Роналдо испратено е соопштение во кое обвинувањата во „Дер Шпигел“ се наречени „недозволиво известување за сомнежи во подрачје на комплетна приватност“, па затоа ќе има тужба во која ќе се бара отштета за морална штета.

Инаку, Кетрин Мајорга, тогаш студентка, изјави дека Роналдо ја силувал пред девет години во хотелска соба во Лас Вегас. „Дер Шпигел“ открива дека и двајцата потоа околу целиот случај постигнале вонсудски договор и дека Португалецот и исплатил 350.000 долари.

Но, Мајорга за „Шпигел“ сега вели дека жали што потпишала договор за неоткривање на информации: „Имав навистина огромна ‘борба’ во себе. Го обвинувам него за силувањето, а себе поради тоа што потпишав договор за необјавување информации за целиот случај“.

Од „Дер Шпигел“ исто така објавија дека во повеќе наврати се обиделе да контактираат со застапниците на Роналдо пред објавувањето на приказната, но не успеале во тоа.

Се вчитува...