АЕК Ларнака го официјализираше Стефан Спировски: Двегодишен договор со македонскиот репрезентативец

Како што беше најавено, еден од најдобрите кипарски клубови АЕК Ларнака денеска го официјализираше трансферот на македонскиот репрезентативец Стефан Спировски со кого е потпишан двегодишен договор.

Спировски на тој начин, по завршувањето на соработката со Хапоел Тел Авив, ја дополнува македонската колонија во АЕК Ларнака, приклучувајќи се на Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

„Договорот со Спировски ќе биде потпишан по неговото пристигнување на Кипар“ – информираат од АЕК Ларнака.

29-годишниот Спировски својата кариера ја почна во Пелистер, во македонскиот шампионат настапуваше и за Работнички и Вардар, а интернационална кариера градеше во Србија (Борац Чачак), Бугарија (Берое), Унгарија (Ференцварош). За македонската репрезентација има одиграно 31 натпревар и има еден постигнат гол.

Се вчитува...