АЕК Ларнака го претстави Стефан Спировски (ФОТО)

Кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака и официјално го претстави македонскиот репрезентативец Стефан Спировски како ново засилување. Тој ги мина медицинските прегледи и потпиша двегодишен договор со клубот. Им се придружува на Иван Тричковски и на Даниел Мојсов кои веќе неколку сезони го носат дресот на овој тим.

„Среќен сум што сум тука и дел од АЕК Ларнака. Ќе дадам се од себе во остварувањето на успеси со клубот и секогаш многу повеќе сакам да зборувам со добри игри на теренот“, изјави Стефан Спировски за официјалниот сајт на клубот.

 

Се вчитува...