Аеродром знае како се слави титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје го совлада Карпош соколи за шеста титула во низа на аеродромци, кои ја продолжуваат својата доминација. Мечот беше крајно неизвесен, отпорот на противникот скршен буквално во последната минута, а потоа – славјето можеше да почне.

А Аеродром знае како се слави титула, оваа со многу повеќе емоции поради фактот дека беше освоена на домашен терен, но и пред бројни фанови кои ги бодреа милениците кога им беше најтешко, а потоа славеа со нив во шампионската „журка“ во „Јане Сандански“. Трофејот на крајот заврши на навивачката трибина, за фотографирање и спомен на новиот шампионски трофеј.

[new_royalslider id=”653″]

Се вчитува...