„Аферата“ со ќерката на менаџерот му ја уништи кариерата во Манчестер Јунајтед

Вилфред Заха отворено раскажа за агонијата низ која минувал во перидот додека во британските медиуми беше актуелна наводната афера со ќерката на менаџерот Дејвид Моес додека беше дел од Манчестер Јунајтед. Тој беше еден од најдобрите во претсезонската турнеја на клубот, но по објавувањето на „трачот“ по враќањето воопшто не доби место во почетниот тим. Деталите ги раскажа во интервју со Рио Фердинанд.

„Никој во клубот воопшто не ми кажа што да правам. Решив да преземам нешто бидејќи приказната беше топ тема на социјалните мрежи и на Твитер напишав дека се работи за „глупав  трач“. Потоа добив порака од медиjа – тимот на клубот дека не требало да го направам тоа. Очекував и тренерот да поразговара со мене. До денешен ден има луѓе кои веруваат дека било вистина. А вистината е дека никогаш не сум ја сретнал девојката“ – вели Заха.

Во сезоната 2013/14, периoдот кога сето ова се случуваше, Заха во јануари беше испратен на позајмица во Кардиф, а следната сезона ја мина во стариот клуб, Кристал Палас. Враќањето на „Селхарст Парк“ стана постојано во 2015 година.

 

 

Се вчитува...