Агаси за Ѓоковиќ работи – гратис!

Легендарниот Андре Агаси, кој од ланскиот Ролан Гарос соработува со Новак Ѓоковиќ, откри дека за српскиот тенисер работи без никаков финансиски надоместок. Тој вели дека на тимот на поранешниот светски рекет број еден му се приклучил „на свој трошок“ и дека тоа е така и сега.

Од првиот ден реков дека не сакам пари, а тоа не е сменето ни денес. Одбивам да земам било што од Новак, вклучително и пари за трошоци – тоа не ме интересира. Ако можам да му помогнам, тука сум. И тоа е добра работа што ме радува“ – вели Андре Агаси.

Поранешниот американски тенисер извесен период се оддалечи од тенисот, но како што вели, тоа се сменило со неговиот тренерски ангажман.

„Сега се чувствувам многу подобро отколку во периодот кога во својата книга напишав дека го мразам овој спорт. Конечно, повторно се пронајдов во ова“ – истакнува Агаси.

Новак Ѓоковиќ моментно не игра и се опоравува по операцијата на раката. Најавите се дека српскиот тенисер ќе биде надвор од теренот уште неколку месеци, а тоа ќе му донесе драстичен пад на АТП листата. Според некои прогнози, поранешниот прв светски рекет, во овој период може да испадне и од Топ 300.

Се вчитува...