Агентот на Лукаку: Одлуката Ромелу да замине од Интер во Челси беше многу болна

Агентот на Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело, истакна дека одлуката неговиот клиент од Интер да замине во Челси била многу „поболна“ од тоа што мислат, особено навивачите на Интер.

Лукаку беше најдобриот играч на Интер минатата сезона во освојувањето на „Скудетото“, но неочкувано се реши да се врати во Челси. Заминувањето изгледаше неизбежно, откако беше откриено во каква ситуација се наоѓаат „нероаѕурите“, но во секој случај навивачите беа многу бесни.

„Добивме многу критики од навивачите на Интер. Се чувствуваат вознемирени после вакви трансфери. Но, одлуката да го напушти Интер беше многу поболна од тоа што мислат луѓето. Многу разговаравме за тоа. Ќе бидам искрен, и ќе кажам дека да не беше Челси од другата страна, немаше да се случи овој трансфер. Тој и од емотивна точка прифати да се врати. И Челси покажа голема желба да го ангажира“, рече Пасторело.

Тој истакна дека неговиот клиент и натаму е среќен што Интер е повторно прв на табелата, затоа што многу му значело да освои титула.

Се вчитува...