Агентот на Салах слета во Ливерпул, бара плата од 500.000 фунти неделно за „фараонот“

Мохамед Салах ја продолжи серијата извонредни настапи за Ливерпул постигнувајќи гол на осмиот натпревар во низа, на тој начин дополнително вршејќи притисок врз управата на клубот во пресрет на новата рунда преговори за продолжување на договорот со „црвените“.

Челниците на Ливерпул летово потпишаа договори со бројни клучни првотимци, за последен оставајќи го Салах, кој според сите прогнози ќе стане и убедливо најплатен играч на „црвените“. Агентот на Египќанецот утрово слета во Англија, а за почетокот од следната седмица се најавени нови разговори, се со цел што поскоро да биде постигнат целосен договор и Салах да потпише долгогодишен договор со Ливерпул.

Актуелниот договор на Салах истекува во јули 2023 година, а одличниот голгетер бара огромни 500.000 фунти неделна плата за да ја продолжи соработката. Тој моментно заработува 200.000 фунти неделно, а според британските медиуми понудата на Ливерпул изнесува 350.000 фунти неделно.

Јасно е дека Јирген Клоп сака да го задржи својот најдобар фудбалер во тимот, за кого по мечот со Ватфорд изјави дека е подобар и од Роналдо и од Меси.

„Ајде сега признајте, има ли подобар фудбалер во светот од Мо Салах во моментов. Ајде кажете, кој е подобар од него? Знам за Меси и Роналдо и нивната долгогодишна доминација, но јас говорам за сега, Салах е најдобар, без конкуренција. Го видовте мечот денеска, каква беше онаа асистенција за првиот погодок, па потоа неговиот погодок што беше специјален. Она што го покажа Салах на денешниот натпревар е фантастично“, изјави Клоп.

Се вчитува...