Агим Ибраими „раскина“ со Домжале, се чека потписот за Шкендија

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими и официјално се раздели со словенечкиот прволигаш Домжале. Сега како слободен агент се очекува да се врати во Тетово и да стави потпис за актуелниот македонски шампион Шкендија, како едно од најголемите засилувања во овој зимски преоде рок. Преговорите меѓу двете страни траат веќе подолг период и се очекува да финишираат успешно.

Агим Ибраими во 2017 година се врати во Словенија и потпиша за Домжале, каде претходно играше за Марибор, Олимпија Љубљана и за Нафта.

„Агим со своето искуство и квалитет беше еден од лидерите во тимот на Домжале, а во периодот додека го носеше дресот на овој клуб покажа дека е врвен професионалец. Му посакуваме се најдобро во кариерата и секогаш ќе биде добредојден. Овојпат и двете страни одлучивме за прекин на соработката, а причините се и спортски и финансиски. Клубот мора да размислува за оптималната финансиска рамка и ние ќе бидеме насочени кон помлади фудбалери“, изјави спортскиот директор на Домжале, Матеј Оражем.

Покрај Шкендија, Агим Ибраими има понуда и за продолжување на кариерата во Саудиска Арабија.

Се вчитува...