На агонијата на Шефилд Венздеј и нема крај откако овој англиски клуб доби нова казна од страна на англиската фудбалска лига со ново одземање на бодови, овој пат шест поради прекршување на финансиските прописи.
Ова е втор пат клубот да се соочи со ваква казна откако претходно во октомври му беа одземени 12 бодови поради заминување во стечај.
Овој пат казната доаѓа поради неисплатени примања кон фудбалерите во март, мај и јуни оваа година, како и на други членови на персоналот и даночната управа.
Шефилд Венздеј сега се наоѓа на дното на табелата на Чемпионшип со -10 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

