Агуеро доби статуа пред стадионот на Манчестер Сити (фото)

Манчестер Сити ја обелодени пред јавноста статуата на Серхио Агуеро пред стадионот „Етихад“, одбележувајќи ја десетгодишнината од голот што Агуеро го постигна за победа над КПР и освојување на првата титула под водство на богатите арапски газди на „граѓаните“.

Статуата е во позата на Агуеро при прославата на голот, со дресот во рацете, а Сити како дел од промоцијата објави и видео од легендарниот погодок.

„Да бидам искрен, прекрасно е чувството да се види своја статуа пред стадионот на Манчестер, десет години по легендарниот погодок. Во овие десет години освоив бројни трофеи и му помогнав на тимот да стане еден од најдобрите во светскиот фудбал. Благодарен сум на луѓето од клубот што ми ја укажаа оваа чест“, изјави Агуеро.

Се вчитува...