Агуеро го напушта Манчестер Сити?

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро би можел да го напушти Манчестер Сити по завршувањето на сезоната, информираат медиумите на Островот. Тој веќе подолг период најавува дека сака да се врати во Индепендиенте и таму да ја заврши кариерата, а решен е тоа да го стори една година побрзо од планираното. Агуеро има договор со „граѓаните“ до јуни 2021 година, но посакува да се врати во Индепендиенте ова лето, на барање на неговиот голем пријател и поранешен соиграч Лукас Пусинери, кој сега е тренер на тимот.

Менаџерот Пеп Гвардиола интензивно бара наследник на Агуеро. Во моментот можеби најдобра опција би бил Лаутаро Мартинез од Интер, но за него сериозно е заинтересирана и Барселона. Втората опција е Пјер – Емерик Обамејанг од Арсенал.

 

Се вчитува...