Агуеро го пропушта градското дерби

Серхио Агуеро ќе мора да паузира извесно време по незгодната повреда што Аргентинецот ја заработи во финишот од дуелот со Челси. Најдобриот стрелец на Сити поради болка во мускулот самиот побара да биде заменет, а по извршените детални прегледи беше утврдено дека тој во следните дваесетина дена нема да му биде на располагање на Пеп Гвардиола.

„Агуеро ќе пропушти неколку натпревари. Нема да игра извесен период, нема да биде во комбинација за градското дерби со Јунајтед. Верувам дека добро ќе се снајдеме и во негово отсуство, бидејќи и Габриел Хесус и Рахим Стерлинг можат да го заменат“ – објави Гвардиола на денешната прес-конференција во пресрет на утрешниот меч од ЛШ против Шахтјор.

Серхио Агуеро сезонава има девет погодоци зад своето име, со што е трет стрелец во Премиер-лигата, зад Варди (12) и Абрахам (10).

Се вчитува...