Комбинираната кадетско-младинска селекција на Македонија забележа одличен резултат на Медитеранските игри во Таранто, откако во својот натпревар ја совлада селекцијата на Косово со 27:21.
Македонските ракометарки одиграа борбен и квалитетен натпревар, во кој во најголем дел од средбата ја контролираа играта и резултатот и дојдоа до првиот триумф на Медитеранските игри.
Мила Ристовска со пет голови беше најефикасна во нашиот национален тим, следуваа Ристиќ и Трифуноска со три.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
