Агуеро: Најголем мотив за рекордите ми е мојот син Бенџамин

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро на мечот против Астон Вила стана најдобриот стрелец – странец во историјата на Премиер – лигата надминувајќи го легендарниот Тиери Анри. Но, постави и уште два рекорди. Тој може да се пофали дека со денешниот хет – трик во триумфот од 1-6 стана и фудбалерот со најмногу вакви постигнувања во историјата на англискиот фудбал. Покрај тоа е и четврторангиран на вечната листа на стрелците во Премиер – лигата.

„Се чувствувам фантастично. Не можам ни да поверувам дека моето име е највисоко на едно такво рангирање. Би сакал да се заблагодарам на многу луѓе, сите кои беа дел од Манчестер Сити во овој изминат период додека го носам дресот на „граѓаните“. На сите соиграчи, тренери, раководните луѓе, но и економите, сите вработени во клубот. Морам да кажам дека најголем мотив за рекордите и сите фудбалски успеси ми е мојот син Бенџамин“, изјави Серхио Агуеро.

Се вчитува...