Агуеро недоволен за триумф: Фернандињо во 90. минута ја заокружи бламажата на Сити (ВИДЕО)

Ниту Серхио Агуеро со два гола во финишот не успеа да го спаси Манчестер сити од бламажа во пресметката со Кристал Палас на домашен терен во 23. коло од Премирлигата. Сити, и покрај тоа што имаше негатива до самиот финиш, со два погодоци на Агуеро во 82. и во 87. минута, дојде до предност од 2-1, но дозволи Кристал Палас со автоголот на Фернандињо во 90. минута да дојде до конечни 2-2.

Претходно Кристал Палас поведе со 1-0 со голот на Турчинот Ченк Тосун во 39. минута, а „граѓаните“ долго се мачеа за да во финишот дојдат барем до бод.

Ниту Арсенал не успеа да дојде до триумф во пресметката со Шефилд јунајтед. „Топчиите“ поведоа со голот на Мартинели во 45. минута, но гостите израмнија преку Флек во 83. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО

Вотфорд – Тотенхем 0-0

Арсенал – Шефилд јунајтед 1-1

Брајтон – Астон Вила 1-1

Манчестер сити – Кристал Палас 2-2

Норвич – Бурнмаут 1-0

Саутемптон – Вулверхемптон 2-3

Вест Хем – Евертон 1-1

Њукасл – Челси (18:30 ч.)

Се вчитува...