Агуеро: Ние дерби играме против Јунајтед, не против Ливерпул

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Серхио Агуеро испрати провокоција кон Ливерпул пред дерби натпреварот кој викендов се игра во Премиер-лигата. Агуеро вели дека тој не го смета натпреварот против Ливерпул како дерби, бидејќи вистинските дерби натпревари се тие против Манчестер Јунајтед.

„Ливерпул секогаш е тежок противник. Сепак, кога дојдов во Сити ние за титулата се боревме со Јунајтед. Натпреварот Сити-Ливерпул можеби е дерби за телевизија, но за нас, вистинско дерби е тоа против Јунајтед. Може да се каже дека и дуелот со Челси е дерби. Сепак иако не е дерби факт е дека Ливерпул е незгоден противник“, изјави Агуеро. 

Дуелот меѓу шампионот на Англија и европскиот шампион се игра во недела во 17:30 часот.

 

 

Се вчитува...