Агуеро никогаш не даде гол на „Енфилд“, како ќе се снајде Халанд?

Манчестер Сити со фаворитска улога ќе допатува во Ливерпул за денешното дерби со „црвените“, меч во кој „граѓаните“ влегуваат со 11 бода предност во однос на актуелниот вицепрвак.

Јасно е дека многу работи во играта на Сити сезонава зависат од Ерлинг Халанд, кој се наоѓа во извонреден голгетерски ритам. Сепак, англиските медиуми во пресрет на денешното дерби потсетија дека Серхио Агуеро, кој е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити, во својата фантастична кариера никогаш не постигна гол на „Енфилд роуд“.

Не знам што би одговорил, Серхио би требало да каже дали има посебна причина, но мислам дека стадионот нема никаква врска. Ако е тешко да се даде гол на „Енфилд“, тоа е затоа што Ливерпул е силен, а не поради стадионот или трибините. Мечот е тој, играат 11 на 11. Горд сум на Халанд поради една работа, што успеа експресно да се адаптира на стилот во Премиер-лигата, што не е нималку лесна задача“, изјави Пеп Гвардиола во пресрет на денешното дерби.

Се вчитува...