Агуеро подготвен за пресметката со Тотенхем во ЛШ

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро го одржа првиот тренинг со тимот на Манчестер Сити врачајќи се од повреда токму во пресрет на утрешниот прв четвртфинален меч од Лигата на шампионите против Тотенхем. Ова е радосна вест за менаџерот Пеп Гвардиола кој ќе го има на располагање најдобриот стрелец во тимот.

„Агуеро е подготвен, иако не знам дали ќе добие шанса, затоа што денеска за првпат тренираше со екипата. Но, тој секако ќе биде во комбинација за настап и се радуваме на неговото враќање. Добро се чувствуваат и Кајл Вокер и Бенјамин Менди. Очекувам тежок и неизвесен натпревар, ова е завршница од Лигата на шампионите и секоја грешка или слаб настап се плаќаат многу скапо“, изјави Пеп Гвардиола.

Се вчитува...