Агуеро влезе од клупата и го спаси Сити од нова бламажа

Манчестер Сити веќе загуби премногу бодови против аутсајдери сезонава, а историјата да не се повтори и на вечерашното гостување во Шефилд се погрижи Серхио Агуеро. Аргентинецот почна од клупата и гледаше како Хесус промашува пенал во првото полувреме, за во вториот дел да влезе во игра и конечно да го најде патот до мрежата на одличниот голман Хендерсон, по фантастичната асистенција на Де Бруине. Мора да се истакне и дека на овој меч својот камбек на теренот го имаше одличниот дефанзивец Лапорт, кој се врати по повеќемесечна пауза во тимот на Сити.

Карло Анчелоти повторно беше шокиран откако Евертон прокоцка предност од два гола на дуелот на домашен терен со Еертон (2-2). Се чинеше дека Кеан и Калверт Луин донесоа триумф на „карамелите“, но Њукасл го шокираше домашниот тим со два гола во судиското продолжение, што ги постигна Лежен во 94. и во 96 минута на „Гудисон Парк“.

Бурнемаут ја забележа првата домашна победа по повеќе од два месеци триумфирајќи над Брајтон со 3-1, додека Саутемптон славеше како гостин против Кристал Палас (0-2). Астон Вила во драматичен натпревар го совлада Ватфорд со 2-1 со голот што го постигна Конса буквално во последната секунда од мечот на „Вила Парк“.

Се вчитува...