Агуеро за крај погоди на стадионот на кој немаше постигнато гол (видео)

Манчестер Сити прокнижи нови бодови на премиерлигашката табела по рутинскиот триумф на гостувањето против Кристал Палас од 0-2. Пеп Гвардиола одмори голем дел од клучните играчи за реваншот со ПСЖ, но „граѓаните“ сепак настапија со атомски напад бидејќи во стартните единаесетмина се појавија Агуеро, Хесус, Стерлинг и Феран Торес.

Серхио Агуеро доби ретка шанса да почне еден натпревар за „граѓаните“, а интересно е што голот со кој Аргентинецот го доведе Сити во водство беше прв за него на „Селхарст Парк“, еден од ретките стадиони ширум Англија, на кои Агуеро имаше настапувано по повеќе пати, а не успеал да се запише меѓу стрелците. Тој сепак успеа да реализира на своето последно гостување на оваа лондонска арена, со оглед на најавите дека Агуеро на крајот од сезонава ќе се пресели во Барселона.

Победникот беше решен за три минути, во период од 57. до 59. минута кога најпрвин Агуеро биеше прецизно, а потоа Феран Торес зголеми на 0-2.

Се вчитува...