Хавиер Агуире потврди дека се повлекува од функцијата селектор на Мексико откако оваа репрезентација беше елиминирана во осминафиналето од Англија.
Искусниот стратег од претходно го имаше најавено своето заминување од националниот тим, се надеваше на поголем успех по четирите импресивни победи во низа, но серијата беше запрена на синоќешниот трилер-дуел со Англија.
„Овие пет натпревари беа незаборавни. Си заминувам со огромна гордост, секако дека сите сакавме оваа бајка да трае подолго, боли што сме елиминирани, но исто така и горд сум на сето она што го постигнавме“, истакна Агуире, кој веќе објави дека сака да се посвети на семејството и нема да преземе нов клуб или репрезентација во блиска иднина.
Веќе е јасно – Рафа Маркез ќе биде нов селектор на Мексико откако легендарниот дефанзивец го учеше занаетот во младинската школа на Барселона, а на овој мундијал беше асистент во стручниот штаб на Агуире.
„Рафа е одлично момче, врвен тренер и ќе го покаже тоа на сите. Се надевам дека на следниот мундијал ќе биде уште поуспешен од мене, јас ќе навивам тоа да се случи“, прокоментира искусниот стратег на заминување од кормилото на Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
