Ајакс го доби големото холандско дерби со ПСВ (ВИДЕО)

Екипата на Ајакс го презеде врвот на табелата во Холандија, откако на гостински терен го совлада лутиот ривал ПСВ во натпревар од 20. коло во првенството. Сега тимот од Амстердам има два бода предност, откако го презеде токму од тимот на ПСВ кој беше лидер досега.

Броби донесе водство за Ајакс во 34. минута, а Геце во 53. минута успеа да израмни. Сепак, Мазрауи во 74. минута донесе предност за Ајакс која беше задржана до крајот на мечот.

Со тоа Ајакс граби кон нова титула во Холандија. Тимот денеска го прими само петтиот гол во првенството во досегашните 20 натпревари.

Се вчитува...