Ајакс голем и во поразот: Главата горе, градите напред (ВИДЕО)

Холандскиот клуб Ајакс ја воодушеви јавноста со настапите во Лигата на шампионите, со офанзивниот фудбал и желбата да го оствари сонот, но потклекна во последните мигови од полуфиналниот двомеч против Тотенхем. Иако имаше минимален триумф од Лондон (0-1) и создаде два гола позитива (2-0) по првото полувреме во Амстердам, на крајот доживеа болна елиминација од англискиот тим (2-3) со гол во 96.минута.

Но, Ајакс е голем и во поразите. Клубот објави мотивирачко видео за фудбалерите и за навивачите „Главата горе, градите напред!“

Се вчитува...