Ајакс изнајми автобус во Барселона со ликот на Де Јонг – Уживајте во иднината како и ние

Френки де Јонг денеска треба да биде официјално презентиран на „Камп ноу“ како нов играч на Барселона. Од неговиот поранеш клуб Ајакс специјално изнајмија автобус кој ќе поминува низ Барселона со ликот на Де Јонг на кој пишува „Барселона уживајте во иднината како и ние“.

Де Јонг пристигна во Барселона за сума од 86 милиони евра.

 

Се вчитува...