Ајакс ја затвори вратата – Тадиќ не се сели во Милан

Милан остана без уште едно посакувано засилување откако Ајакс дефинитивно ја затвори вратата за заминување на Душан Тадиќ и преселба на српскиот голгетер на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ во Тадиќ гледаа идеален партнер во нападот за Златан Ибрахимовиќ, му понудија тригодишен договор за плата од четири милиони евра по сезона, но проблем претставува ставот на Ајакс – дека капитенот на тимот нема да си замине од „Јохан Кројф Арена“.

„Душан Тадиќ е многу важен играч за нас. Тој е нашиот лидер, остваривме бројни добри работи со него во тимот и не ни помислуваме на заминување. Разделба од капитенот воопшто не е опција за нас“, порача директорот на Ајакс, Марк Овермарс.

Се вчитува...