Ајакс непоразен замина од „Тумба“

Ајакс остана непоразен на гостувањето во Солун против ПАОК играјќи 2-2 во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Најпријатното минатогодишно изненадување во европското елитно натпреварување има убава можност повторно да зачекори кон групната фаза.

Хаким Зијеч го доведе Ајакс во водство во десеттата минута, но Акпом и Матос направија пресврт пред полувремето. Сепак, холандскиот тим со голот на ветеранот Хунтелар во 57.минута стигна до израмнување и поволен резултат пред реваншот во Амстердам.

АПОЕЛ на домашен терен загуби од Карабах со 1-2. Емрели и Гуеје беа стрелци на головите за првакот на Азербејџан.

Се вчитува...