Ајакс потврди: Зијеш оди во Челси, ова се деталите од трансферот…

Веќе не постојат никакви дилеми, Ајакс денеска потврди дека Хаким Зијеш на крајот од сезонава ќе го напушти холандскиот гигант и кариерата ќе ја продолжи во Челси.

Мароканскиот интернационалец го привлече вниманието со извонредните настапи во последните две сезони, минатото лето тој реши да остане во Ајакс, но сега дојде редот гигантот од Амстердам да го наплати и неговиот мегатрансфер.

Ајакс се договори со Челси за трансферот на Хаким Зијеш во англискиот клуб. Трансферот се однесува на следната сезона, клубовите се договорија висината да изнесува почетни 40 милиони евра, со можност да порасне на 44 милиони евра преку неколку различни клаузули“, објави холандскиот првак.

Хаким Зијеш пристигна во Ајакс од редовите на Твенте во 2016 година, во трансфер вреден 11 милиони евра. Тој досега одигра 160 натпревари за холандскиот гигант, постигнувајќи 49 погодоци. Зијеш беше избран за најдобар фудбалер во холандското првенство во 2018 година.

Се вчитува...