Ајакс со победа над АПОЕЛ го трасираше патот во ЛШ

Минатогодишниот полуфиналист во Лигата на шампионите, Ајакс обезбеди пласман во групната фаза од елитното натпреварување, совладувајќи го кипарскиот АПОЕЛ со 2-0, во реванш дуелот од плеј-оф фазата. Tимот од Амстердам поведе со голот на Едсон Алварез во 43. минута, по одличниот центаршут од Хаким Зијеч. Конечните 2-0 ги постави Душан Тадиќ во 80. минута.

Со минимални 1-0, чешката Славија Прага го совлада романскиот Клуж и со вкупни 2-0, обезбеди пласман меѓу 32. најдобри екипи на стариот континент. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Јан Борил во 66. минута.

Клуб Бриж и во вториот меч беше подобар од ЛАСК Линц овојпат со 2-1, и заедно со победата од првиот меч од 0-1, беше доволна за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Домаќините поведоа со голот на Ванакен во 70. минута,  Клаус во 74. минута од пенал донесе израмнување, но Денис во 89. минута ги врати работите на свое место за победа на Белгијците од 2-1.

Се вчитува...