Ајме, има ли кога у Вараждину? Ние за ракомет сме…

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Возиме некои 90 километри, во автомобилот свират хрватски сентиши, и очекуваш дека она „лудилото“ од Загреб ќе се преслика барем малку и во Вараждин. Не дека не знаеме од порано дека местово е најмногу познато по „Вартекс“ и познатите фармерки од времето на нашата младост, ама, искрено, очекувавме и барем малку ракометна атмосфера во пресрет на утрешниот наш прв меч од втората фаза, против Шпанија.

По последниот свиок, се отвора пред нас Вараждин, а ние не знаеме дали го утнавме градот. Отворивме врата, гледаме лево – десно, па и се запрашавме:

„Ајме, има ли кога у Вараждину? Ние за ракомет дојдовме…“

Нема никој…Ајде, си велиме, ќе одиме до центарот, таму дефинитивно мора да е поинаку. Се „наоружавме“ со фотоапаратите и лаптопите, и одиме во мисија. Но, дојдовме и до плоштадчето, а таму… само тројца продавачи…

Си велиш, „мало вас је“…Утре „Фалангата“ кога ќе ви дојде, нема да знаете главата каде ви е…И повторно, одиме поблиску, да забележиме поубаво, на овие магнетите…Дали го погодивме бе Вараждин, мајката…

Кога нема овде ниту од „Р“ од ракометна атмосфера, одиме ние во салата каде ќе тренираат нашите херои…Таму дефинитивно е поинаку, сега се кова „шпанската стратегија“.

Се вчитува...