Ајнтрахт Франкфурт до голем триумф на гостувањето кај Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд загуби со 1-2 на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт во 27. коло од Бундеслигата. Гостите дојдоа до водство со автоголот на Шулц во 11. минута, а до крајот на полувремето „милионерите“ израмнија на 1-1 преку Хумелс.

Во вториот дел за издвојување е и поништениот гол на гостите кога Илсанкер по ВАР беше утврдено дека е во офсајд, а до трите бода гостите дојдоа со голот на Андре Силва во 87. минута. Франкфурт останува на 4. место на табелата со 50 бода, односно седум повеќе од денешниот противник кој е петти.

РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 27. КОЛО: 

Аугзбург – Хофенхајм                          1-1

Б. Леверкузен – Шалке                       2-1

Б. Дортмунд – Ајнтрахт Ф.                 1-2

Мајц – Арменија Б.                               1-1

Волфзбург – Келн                                 1-0

 

 

 

 

 

Се вчитува...