Ајнтрахт Франкфурт го шокираше Баерн Минхен (ВИДЕО)

Ајнтрајт Франкфурт успеа да стигне до шокатна победа против актуелниот европски шампион Баерн Минхен со 2-1 во натпревар од 22. коло во германската Бундеслига. Домаќините до полувремето водеа со 2-0 со головите на Камада во 12. и Јунес во 31. минута.

Во второто полувреме Баварците преку Роберт Левандовски намалија на 2-1 во 53. минута, но тоа е се што успеа да направи актуелниот германски, европски и светски шампион. И покрај поразот Баерн останува на првата позиција на табелата со 49 бода, додека Ајнтрахт сега е четвртти со седум бода помалку од денешниот противник.

РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 22. КОЛО:

Ајнтрахт – Баерн Минхен     2-1

Борусија М. – Мајнц               1-2

Келн – Штутгарт                      0-1

Фрајбург – Унион Б.                 0-1

 

 

Се вчитува...