Ајзеа Томас доби нова шанса во НБА лигата

НБА франшизата на Феникс санс објави дека потпиша десетдневен договор со двократниот Ол-стар кошаркар Ајзеја Томас.

35-годишниот играч нема играно во НБА од 2022 година, но неодамна одигра четири натпревари со Солт Лејк Сити Старс во развојната лига, со просек од 32,5 поени по натпревар.

Томас веќе играше за Санс, во сезоната 2014/15, а притоа имаше просек од 15,2 поени на 46 натпревари.

Тој во просек постигнуваше 17,7 поени на 550 натпревари во НБА играјќи за Сакраменто, Феникс, Бостон, Кливленд, Лос Анџелес лејкерс, Денвер, Вашингтон, Њу Орлеанс, Далас и Шарлот.

Се вчитува...