АК Делта победник на атлетскиот Куп на Македонија за сениори (ФОТО)

Атлетскиот клуб Делта од Скопје втора година по ред е победник во екипна конкуренција на Купот на Македонија за сениори кој изминатиот викенд под специјален протокол и почитување на мерките за справување со Ковид-19 се одржа на националната арена „Тодор Проески“.

АК Делта до првото место стигна со вкупно освоени 125 поени, пред АК Работнички со 84 поени, и АК Охрид со освоени 56,5 поени.

Во машка конкуренција, исто така најуспешен беше АК Делта (83п) пред АК Куманово (29,5п) и АК Работнички (29п), додека пак кај девојките триумфираше АК Работнички (55п), пред АК Делта (42п) и АК Куманово (27п).

КОМПЛЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД СЕНИОРСКИОТ АТЛЕТСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

 

Се вчитува...