Ак. Пандев ги стартуваше подготовките во Анталија, денеска на тест против Марица Пловдив

Академија Пандев ги стартуваше своите подготовки во Анталија, Турција.

„Пандевци“ го одработија првиот тренинг во Анталија под водство на шефот на стручниот штаб, Александар Васоски.

Во втората фаза од подготовките првиот тим на Академија Пандев во наредните денови, покрај тренинзите, ќе одигра и четири пријателски средби, од кои првата е веќе денеска против бугарскиот второлигаш Марица Пловдив.

Се вчитува...