Ак. Пандев го промовираше Матеј Цветаноски (ФОТО)

Академија Пандев и официјално го промовираше најновото свое засилување, повремениот репрезентативец Матеј Цветаноски.

Крилниот напаѓач до крајот на сезоната ќе го носи сино-белиот дрес издвојувајќи се како едно од најсериозните засилување за тимот оваа зима.

Цветаноски доаѓа од екипата на Партизани од Албанија, а досега има настапувано за тимовите на Ѓирмот во Унгарија, како и Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија ЃП во македонскиот шампионат.

Се вчитува...