Академија ФМП со три нови засилувања

Академија ФМП во првите осум кола забележа само една победа и седум порази, по што тимот од Кисела Вода е на делба на претпоследното и последното место на табелата.

Затоа, сосема очекуван е потегот на управата на Академија ФМП, откако беа потпишани договори со тројца нови кошаркари, и тоа Златевски, Смит и Рингер.

„За преостанатиот дел од сезоната нашата екипа ги претставува новите засилувања кои ќе ни помогнат при остбарување на целите за оваа сезона. Златевски доаѓа од екипата на Работнички, за која настапуваше ланската сезона и до претходното коло оваа натпреварувачка сезона. Мек Смит е играч кој ја игра својата прва професионална сезона и ни пристигнува од колеџот Western Michigan. Десмонд Рингер е последното засилување кое се приклучува на тимот и треба да ја подобри играта под обрачите на нашата екипа“, објави Академија ФМП.

Се вчитува...