Академија Пандев го освои и Ѓорче Петров – Два гола на Крстовски доволни за триумф (ВИДЕО)

Академија Пандев продолжува со одличната пролет триумфирајќи со 1-2 и на гостувањето против Македонија ЃП во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

А, Марио Крстовски ја донесе победата за струмичани со два ефектни погодоци уште во првото полувреме. Најпрво уште во 6. минута ефектно со глава стрелаше под гредата од домашниот гол.

А, во 26. минута по центаршутот на Мартинага од левата страна, повторно ефектно Крстовски стрелаше за 0-2 на полувремето.

Во второто полувреме подобра игра на „лавовите“ кои имаа бројни шанси, но успеаја единствено да го ублажат поразот со голот на нововлезениот Самир Фазли во 61. минута по центаршутот на Ајрулаху.

Имаа домашните фудбалери уште неколку одлични можности за израмнување, но откако не успеаја бодовите отпатуваа за Струмица. Во 94. минута и Боби Божиновски од 16 метри од слободен удар имаше можност, но неуспешен обид високо над голот на гостите.

Се вчитува...