Академија Пандев и Брегалница без голови на меѓусебниот „тест“

На тренинг комплексот на Академија Пандев, домашниот тим ја нагости екипата на Брегалница. Во интересен пријателски меч со неколку промашени шанси, на крајот резултатот беше 0-0.

Брегалница може да жали за испуштената шанса за победа, особено по приликите во првиот дел. Штипјани ја имаа доминацијата, меѓутоа не и реализацијата, па во првиот дел шанси промашиле Ѓокиќ, Кудев, Николов и Додев.

Двајцата тренери им дадоа шанса на сите фудбалери кои им беа на располагање.

Се вчитува...