Фудбалерите на Академија Пандев загубија од премиерлигашот од БиХ, Младост Добој Какањ во шестиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија.
„Пандевци“ одиграа квалитетен натпревар не реализирајќи неколку 100% шанси за погодок, па на крајот мораа да се помират со минимален пораз од 0-1. Босанците до триумфот дојдоа со голот на Хирош во 36. минута од средбата.
Академија Пандев натпреварот го започна со Чубраковиќ, Илиев, Гранчов, Костов, Донов, Темелков, Николов, Стојкоски, Крстовски, Велиновски и Басрак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА