Академија Пандев потпиша договор со големиот талент

Академија Пандев се договори за продолжување на соработката со Иван Николов, големиот талент на македонскиот фудбал кој денеска го стави својот потпис на првиот професионален договор во кариерата.

Николов е дел од Академија Пандев веќе три години каде настапуваше за младинските категории, а од оваа сезона е важен дел и во сениорскиот тим.

„Академија Пандев гледа светла иднина во 17-годишниот репрезентативец на Македонија и ова е првиот негов професионален договор што не прави посебно горди. Му посакуваме многу успешни настапи во сино-белиот дрес, а еден ден и како дел од некој европски великан“ – објавија „пандевци“ на својот официјален фејсбук-профил.

Се вчитува...