Академија Пандев се засили со бугарскиот стопер Гранчов

Поранешниот централен дефанзивец на ЦСКА Софија, Ангел Грaнчов е првото засилување на Академија Пандев за пролетниот дел од шампионатот.

27-годишниот Гранчов веќе и официјално го потпиша договорот со струмичани.

Се работи за поранешен младински репрезентативец на Македонија кој претходно настапувал и за Локомотив Софија, Славија Софија, Нефтохимик… Меѓу „пандевци“ доаѓа од редовите на косовски Фљамуртари.

Се вчитува...