Академија Пандев со гол во 91. минута му скрати победа на Шкупи, Работнички со хет-трик на Велкоски убедлив со Скопје (ВИДЕО)

Актуелниот македонски шампион Шкупи не успеа за првпат сезонава да дојде на врвот во Првата македонска фудбалска лига, откако во 21. коло испушти победа во 91. минута ремизирајќи (3-3) на мечот во Кичево против Академија Пандев.

„Пандевци“ до бодот дојдоа во 91. минута со голот на резервистот Трајков кога се чинеше дека чаирчани ќе слават со 3-2. Но, на крајот, се чини, реално реми.

Одлично прво полувреме одиграа двете екипи со пет гола на мечот кои паднаа во првото полувреме кое го одбележаа два пресврти, убави погодоци и фудбалска тензија меѓу двете екипи.

Но, во 27. минута извонреден гол на Ване Крстевски кој мајсторски погоди за 1-1.

Веќе во 36. минута по корнерот од левата страна, убав погодок и на Руфати за пресврт и водство од 1-2 на Академија Пандев.

Сепак, веќе во следната минута убав гол и на Данфа за 2-2.

Кога се чинеше дека на полувремето ќе се замине со 2-2, Хамиди во четвртата минута од судиското продолжение стрелаше од непосредна близина за 3-2 и предност на Шкупи.

Во второто полувреме немаше никакви посебни возбудувања, Руфати имаше одлична шанса во 72. минута за израмнување, но тоа што не му успеа на Руфати, Академија Пандев го искористи во првата минута од судиското продолжение со голот на Трајков за 3-3.

На вториот денешен натпревар од 21. коло, Работнички на дуелот кој се одигра во Велес убедливо со 4-0 славеше против Скопје.

Хет-трик на натпреварот постигна Крсте Велкоски.

„Романтичарите“ поведоа со 1-0 со голот на Велкоски уште од 11. минута, а потоа капитенот погоди и во 51. минута и во 67. минута. Конечните 4-0 ги постави Гандо Марселин во 89. минута.

ПМФЛ – 21. КОЛО
Велес: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 4-0

Велкоски, 11′, 51′, 67′, Гандо Марселин 89′

Кичево: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ 3-3
Цефас 12′, Данфа 37′, Хамиди 45’+4 – Крстевски 27′, Руфати 36′, Трајков 90’+1

УТРЕ (14 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС
СТРУГА ТЛ – слободна

Се вчитува...